Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

УКМТО: Инцидент со танкер во близина на јеменското пристаниште Аден

/

Свет

Сподели преку :

Британската организација за поморски трговски операции (УКМТО) соопшти дека била известена за инцидент со танкер на 95 наутички милји југоисточно од јеменското пристаниште Аден.

Според капетанот на танкерот имало силна експлозија во близина на бродот. Тој додаде дека ниту еден од членовите на екипажот не е повреден.