Францускиот претседател Емануел Макрон ги осуди најновите руски напади врз Киев и порача дека Европската Унија и нејзините партнери ќе го засилат притисокот врз Русија со нови санкции, но и дека ќе продолжат со воената поддршка за Украина.
„Во Киев и неговата околина, Русија повторно одлучи да гаѓа цивили. Таква политика на терор што се спроведува со ракети и дронови е неприфатлива“, напиша Макрон на платформата Икс.
Тој истакна дека секој нов напад е потврда дека Русија мора да сноси последици за својата агресија и да одговара за сторените злосторства.
„Останува со Украина и нема да подлегнеме ниту на заморот, ниту на застрашувањето“, додаде Макрон.












