Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Зеленски: Партнерите одбија да обезбедат противракетни системи

/

Свет

Сподели преку :

Украинскиот претседател Володимир Зеленски потврди дека партнерите одбиле да обезбедат дополнителни системи за противвоздушна одбрана на неговата земја. Според него, партнерите официјално го припишале тоа со војната на Блискиот Исток, но смета дека зад таквата одлука би можеле да стојат и политички мотиви.

„Тоа е официјалната причина што ја добивме од нашите партнери, пред сè САД, но и од европските. Не знам дали постојат и други причини, освен Блискиот Исток. Можеби тоа се политички чекори за Украина, такаречено, да се направи попослушна. По мое мислење, ова е неизбежно. Разбираме дека ова е сериозен предизвик“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека министерствата за надворешни работи и за одбрана мора „да стиснат заби и да сторат се“ за нивните партнери да ги зголемат испораките на противбалистички системи за противвоздушна одбрана.