Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Дрон и неидентификуван предмет го затворија аеродромот во Лајпциг

/

Свет

Сподели преку :

Беспилотно летало, заедно со откритието на неидентификуван предмет во близина на пистата, во раните утрински часови на одреден период го затворија аеродромот во Лајпциг, соопштија локалните власти. Една од пистите на аеродромот останува затворена, додека неколку летови, меѓу кои и еден патнички, биле пренасочени кон други аеродроми. Лајпциг е еден од најфреквентните товарни аеродроми во Германија и поради тоа полицијата употребила робот за деактивирање експлозиви за да го провери непознатиот предмет. Претпазливоста на германските власти е оправдана, затоа што пред две години подметнат експлозивен предмет предизвика пожар во еден од магацините на аеродромот, инцидент за кој германските власти ги сомничат руските разузнавачки служби. Германските власти засега отфрлаат поврзаност со двата инциденти.

„Да, во моментов сѐ уште истражуваме. Тоа што е јасно е дека беше забележан дрон, и ние мораме да постапиме затоа што ова е безбедносен инцидент. Во исто време, беше откриен и предмет на јужната писта кој на прв поглед не можеше да се идентификува, поради што федералната полиција ефикасно и одлучно интервенираше. Тие го препознаа како потенцијална закана, ги мобилизираа своите специјалисти и извршија иницијално испитување на предметот. Тоа испитување сѐ уште не е завршено и затоа во моментов не можам да кажам дали предметот навистина претставува опасност или не. Тоа ќе го дознаеме во текот на денот.“ изјави Олаф Хоп – портпарол на полицијата во Лајпциг