Економија Топ вести

РКЕ им даде рок на РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил да ги усогласат резервите на мазут во складовите

Регулаторна комисија за енергетика им даде рок од 90 дена на  нафтените компании РКМ, Супертрејд, Пертинакс и Ли Оил ДБ да ги обезбедат потребните количините на оперативни резерви на мазут во своите складови.

Иако согласно Правилникот се дозволува рок од најмногу 6 месеци во кој компанијата ќе го усогласи своето работење со законските прописи, РКЕ го скрати овој рок и ги задолжи трговците на големо за  90 дена да достават доказ – записник од Државниот пазарен инспекторат дека ги поседуваат потребните оперативни резерви на мазут“, изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторна комисија за енергетика.

Доколку по утврдениот рок не  ги обезбедат резервите – ќе им биде одземена лиценцата. Откако РКЕ ги предупредила нафтени компании три од четири трговци на големо со мазут доставиле одговор каде генерално посочувале дека Правилникот за нивото и начинот на пресметка на оперативните резерви што Министерството за економија го донесе во  април 2021 годинава е без период за прилагодување  на компаниите со новите промени.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Бајач“ од Трубарево измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра

Дејан Дејан

Процедурата за нов судија во Стразбур стои во Влада

Дејан Дејан

Интервју со Гуалано де Годој: Македонија е првата земја во Западниот Балкан која ги разреши сите преостанати случаи на лица без државјанство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе