Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Измерени 41 степен во Виена – Австрија ја забележа рекордната температура во историјата

/

Свет

Сподели преку :

Австрија денеска ја забележа највисоката температура од воведување на метеоролошките мерења, откако во Виена беа измерени 41 степен Целзиусов.

Рекордната температура е измерена во населбата Стамерсдорф, пренесе австриската државна телевизија ОРФ, повикувајќи се на податоци на државната метеоролошка служба Geosphere Austria.

Geosphere Austria издаде црвено предупредување, што претставува највисоко ниво на опасност, за Виена, за северниот дел на покраината Бургенланд и за североисточниот дел на Долна Австрија.