Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рубио: Има напредок во разговорите со Иран и Оман за Ормускиот Теснец, но сè уште нема конечно решение

/

Свет

Сподели преку :

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека е постигнат напредок во разговорите со Иран и со Оман за низ Ормуска Теснина да поминуваат повеќе бродови.

„Постигнат е напредок во тие преговори, но сè уште нема конечно решение. Се надеваме дека тоа ќе се случи многу брзо“, изјави Рубио.

Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи изјави дека преговорите со Оман се за замена на одделните северни и јужни рути со меѓукоридор што ги зема предвид интересите и безбедноста на двете крајбрежни земји.

Ормускиот Теснец на најтесната точка е широк само околу 39 километри. Бидејќи Иран и Оман тврдат дека имаат зона од 12 наутички милји (околу 22,2 километри), територијалните води на двете крајбрежни држави се преклопуваат. Во регионот нема меѓународни води.