Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Нов круг преговори меѓу Либан и Израел во Рим

/

Свет

Сподели преку :

Во Рим денеска започнува седмиот круг преговори меѓу Либан и Израел со посредство на САД, насочен кон спроведување на рамковниот договор постигнат во јуни.

Разговорите се фокусирани на постепено повлекување на израелските сили од јужен Либан, распоредување на либанската армија во ослободените подрачја и решавање на преостанатите гранични прашања.

Либанската Влада соопшти дека работи на договор што би довел до целосно повлекување на израелските сили, додека Вашингтон нагласува дека процесот мора да се одвива постепено за да се избегнат нови безбедносни ризици.

Преговорите во Рим ќе траат до 6 август и треба да постават основа за поширок мировен и безбедносен договор меѓу двете земји.

Mеѓувреме, Хезболах остро се спротивставува на договорот и директните разговори со Израел, одбивајќи да се разоружа.

Иако интензитетот на судирите е намален од јуни, во јужен Либан и натаму се регистрираат повремени израелски напади, што ја одржува безбедносната состојба нестабилна.