Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рускиот опозиционер Надеждин побегна во Франција

/

Свет

Сподели преку :

Рускиот опозиционер Борис Надеждин изјави дека заминал од Русија.

„Имам добри вести. Жив сум и слободен. За жал не сум во Русија. Сега морам да размислам и сфатам како да продолжам понатаму“, изјави Надеждин на видео-снимката објавена на платформата Телеграм, додека стои пред Ајфеловата кула во Париз.

Надеждин (63) е поранешен пратеник во Државната дума, но тој се повлече од парламентарните избори закажани за септември откако беше накратко уапсен и казнет за наводен екстремизам. Тој во јули беше прогласен за странски агент.

Надеждин ги обвини руските власти дека се обидуваат да го замолчат и да го принудат да се повлече од политиката.

Тој беше единствениот противник на војната во Украина, кој се обиде да се кандидира против Владимир Путин на претседателските избори во март 2024 година, но изборните власти ја отфрлија неговата кандидатура.

Фото: youtube/printscreen