Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Грција се бори со пожарите, се гасне и од земја и од воздух

/

Свет

Сподели преку :

Се уште гори во поширокиот регион на Атина, западниот дел на Атика се бори со големи пожари.  Загинаа и две лица по судар на хеликоптери што учествува во гаснењето, околу 500 пожарникари се борат со огнената стихија.

Утрово, со оглед на тоа што е намален интензитетот на ветерот, започна и гаснење од воздух со цел да се локализира пожарот.

Во текот на ноќта  испратена  епорака за итна евакуација до жителите на неколку населени места во западниот дел на областа Атика.

За пожарите во Грција, кипарскиот претседател Никос Христодулидис рече дека Република Кипар, преку националниот координатор за цивилна заштита е во постојана комуникација со грчката Влада и е подготвена да помогне во акцијата за гаснење на пожарите.