Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ОПЕК+ ги зголеми квотите за производство на нафта за септември

/

Економија

Сподели преку :

Членките на Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК+) на денешниот онлајн состанок одлучија да ги зголемат квотите за производство на нафта за септември.

Седум земји на ОПЕК+ одлучија да спроведат адаптирање на производството од 188.000 барели дневно, што е малку поголема количина отколку во претходните месеци, се наведува во соопштението на ОПЕК+.

ОПЕК е формиран во 1960 година во Багдад, на иницијатива на Иран, Венецуела и Саудиска Арабија. Членки на ОПЕК денес се Ангола, Екваторијална Гвинеја, Габон, Ирак, Иран, Кувајт, Либија, Нигерија, Конго, Саудиска Арабија и Венецуела.

Покрај формалните членки на ОПЕК, 10 дополнителни земји извознички на нафта, предводени од Русија, го формираат картелот ОПЕК+ и од 2016 година соработуваат со ОПЕК во одредувањето на глобалните цени на суровата нафта. Членки на ОПЕК + се: Азербејџан, Бахреин, Брунеи, Казахстан, Малезија, Мексико, Оман, Јужен Судан и Судан.

Обединети Арапски Емирати кон крајот на април го суспендираа членството во ОПЕК и во ОПЕК+.