Два смртни случаја ги принудија организаторите на транс фестивалот Озора во Унгарија, еден од најголемите во Европа, да ја скратат програмата.
Четириесет и петгодишен Американец се качи на една од декоративните конструкции околу главната сцена по што падна и почина, изјави полициски извор за регионалниот портал ФЕОЛ. Властите веруваат дека мажот извршил самоубиство, пренесува агенцијата АФП.
Претходно во текот на денот ѝ се слоши и на 39-годишна Унгарка, „веројатно како последица на интензивните горештини“, по што падна на земја, а обидите да се врати во живот завршија неуспешно, наведува ФЕОЛ.
Фестивалот Озора трае од 24 јули во Дадпусти во централна Унгарија. Ви земјата од четвртокот е на сила највисоко предупредување поради екстремните температури кои за време на викендот достигнаа и 40 степени целзиусови.
Фото: youtube/printscreen












