Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Македонски државјанин приведен во Хрватска, предизвикал пожар кај Дрниш

/

Свет

Сподели преку :

Кривична пријава поднесе хрватската полиција против 54-годишен државјанин на Македонија со регулиран престој во Хрватска, под сомнение дека предизвикал пожар во местото Седрамиќ, во близина на Дрниш, при палење хартиени вреќи од цемент по завршување на градежни работи.

Според Полициската управа Шибенско-книнска, со криминалистичката истрага е утврдено дека мажот во четврток попладне, по изведување градежни работи во дворот на куќа, запалил повеќе хартиени вреќи од цемент.

При тоа избувнал пожар кој неконтролирано се проширил кон селото Чавале, при што биле зафатени сува трева и ниска вегетација на површина од околу 100 на 100 метри.

Понатамошното ширење на огнот било спречено со интервенција на пожарникарите, кои целосно го изгаснале пожарот во 19:36 часот.

Во гаснењето учествувале девет пожарникари со три противпожарни возила, а од воздух им помагал и противпожарен авион „Ер трактор“.

Полицијата го сомничи 54-годишникот за кривично дело предизвикување опасност за животот и имотот со општоопасно дејствие или средство.