Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар полесно повредена во сообраќајна несреќа

/

Свет

Сподели преку :

Словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар е полесно повредена во сообраќајна несреќа што се случила во петокот. Веднаш била превезена во болницата во Изола, каде ѝ биле извршени сите неопходни прегледи, а според државната телевизија, таа денеска ќе биде пуштена на домашно лекување.

Несреќата, како што јавуваат словенечките медиуми, се случила во тунелот Кастелец на автопатот Приморско при враќање од Хрватска, каде словенечката претседателка била на одмор. Во несреќата, покрај претседателката на Словенија, со потешки повреди се здобило уште едно лице.