Најмалку едно лице загина, три се тешко повредени, а 10 се здобиле со полесни повреди во силното невреме што ја погоди источна Германија. Според службата за вонредни ситуции во Дрезден, 28-годишен маж го загубил животот кога врз него паднало дрво во близина на сцена во Ратен, пренесува Шпигел.
Невремето предизвика проблеми и во Штутгарт и во Хамбург, каде пожарникарите интервенирале 140 пати поради последици од олујата.












