Пожарникарите продолжуваат со борбата против големите шумски пожари низ Грција, каде силниот ветер предизвикува нови жаришта и го отежнува локализирањето на огнената стихија.
Најкритична останува состојбата во областа Агиа Параскеви во Ретимно, на островот Крит, каде екипите цела ноќ се бореа со пожарот, а со првите утрински часови повторно беа вклучени и противпожарни авиони.
Нови пожари избувнаа и во Ахаја на северозападниот дел од Пелопонез, како и во регионот Ксиромеро во Етолија-Акарнанија.
Властите испратија итни предупредувања преку системот „112“, а на терен се распоредени бројни пожарникари и воздушни сили.
Mеѓувреме, ситуацијата е подобрена на островите Андрос и Калимнос, додека на Парос пожарникарите и понатаму се борат со повеќе помали жаришта што повторно се активираат поради силниот ветер.
Грчката служба за цивилна заштита предупреди дека регионот Атика, поширокото подрачје околу Атина и уште неколку делови од земјата денес се под многу висок ризик од пожари – четврто ниво на опасност.
Властите ги повикаа граѓаните да избегнуваат активности што можат да предизвикаат пожар и строго да ги почитуваат предупредувањата и упатствата на надлежните служби.












