Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Полска: Проектилот што падна на наша територија најверојатно е руски

/

Свет

Сподели преку :

Полскиот премиер Доналд Туск изјави дека објектот што рано утринава паднал во поле во источна Полска „со голема веројатност“ е руска крстосувачка ракета од типот Kh-101. Проектилот оставил кратер широк околу 10 метри во близина на селото Тарнава Колонија, на околу 92 километри од украинската граница, за време на масовниот руски напад врз повеќе украински градови.

Според Туск, анализата на пронајдените остатоци укажува дека станува збор за руски проектил, а во инцидентот нема повредени бидејќи паднал во ненаселено подрачје.

Тој нагласи дека полската армија била подготвена да го собори доколку продолжел да се движи подлабоко во воздушниот простор на земјата. Полските власти спроведуваат дополнителни експертизи на остатоците.

НАТО соопшти дека е во постојан контакт со полските власти, додека украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха оцени дека станува збор за уште едно нарушување на воздушниот простор на Алијансата од страна на Русија.

Инцидентот се случи за време на големи руски воздушни напади врз Украина, во кои загинаа најмалку осум лица, а десетици беа повредени.