Централната изборна комисија на Русија претстави дрон-брод кој, според најавите, би можел да се користи за достава на изборен материјал до тешко достапни подрачја за време на парламентарните избори закажани во септември.

Претседателката на Комисијата, Ела Памфилова, изјави дека во Русија има 36 региони со оддалечени населени места, каде организирањето на гласањето чини од 400 до 500 пати повеќе од националниот просек.

Таа нагласи дека институциите применуваат различни начини за да стигнат до секој гласач.
Покрај дрон-бродот, за транспорт на изборниот материјал се користат и коњски запреги, хеликоптери, авиони и моторни чамци.

Парламентарните избори во Русија се закажани за 20 септември и ќе бидат први што ќе се одржат по почетокот на војната во Украина.












