Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД извршија нови напади врз Иран

/

Свет

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави извршија серија силни воздушни напади врз повеќе цели во Иран, како одговор на обидот за балистички напад врз американски воени бази во Јордан.

Според американската Централна команда, биле погодени десетици воени објекти поврзани со Иранската револуционерна гарда.

Иранските државни медиуми соопштија дека во нападите загинале три лица, меѓу кои и двегодишно дете на островот Кешм, додека штета е пријавена и во други делови на јужен и западен Иран.

Локални жители сведочат за силни експлозии, прекини на електричната енергија и проблеми со интернет-врските.

Новата ескалација доаѓа по неколкудневен период на релативен мир и неуспешни дипломатски напори за намалување на тензиите.

Mеѓувреме, американските и иранските сили продолжуваат со меѓусебни напади, а конфликтот сè повеќе го зафаќа регионот на Блискиот Исток.