Според податоци што ги објави Евростат Македонија минатата година имала најнизок животен стандард меѓу европските земји.
Дополнително, според бројките на Евростат, реалната потрошувачка по жител во Македонија е на околу половина од просекот на ЕУ.
Податоците во однос на нивото на цените покажуваат дека индексот на Македонија изнесува 49,7, при што просекот на Европската Унија е поставен на 100. Тука, пред Македонија се наоѓаат Турција, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Србија и Албанија.
Овие бројки беа дополнителен мотив за политичките ривали Филпче и Мицкоски од собраниската говорница да си упатат обвинувања.













