Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Игра во скопски Аеродром се претворила во насилство: Малолетник нападнат од свој врсник

/

Македонија

Сподели преку :

Вчера попладне во СВР Скопје, А.К.(38) пријавил дека претходниот ден во вечерните часови во парк на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.  Според пријавата, нападот се случил по претходно недоразбирање при игра – соопшти денеска полицијата.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот – се додава во денешниот полициски билтен.

Врсничко насилство во скопски Аеродром, се случи и на крајот на минатиот месец кога 31-годишна жена во полиција пријави дека нејзината 12-годишна ќерка била нападната од две други малолетнички. На насилството посведочиле и други малолетници кои случајот го снимиле со мобилен телефон.

Неколку дена подоцна, МВР информираше дека двете малолетнички, но и нивните родители биле повикани на разговор во полициска станица. Од Министерството соопштија и дека за настанот се известени јавен обвинител за малолетници и Меѓуопштинскиот центар за социјална работа.

Македонската јавност во последните месеци беше разбранувана од неколку случаи на врсничко насилство во повеќе градови во земјата.

Според најновите податоци на УНИЦЕФ, водечката меѓународна организација за заштита на правата на децата, повеќе од 2 од 3 деца на возраст од 1 до 14 години во земјава доживуваат насилна дисциплина во домот, што вклучува психолошка агресија и/или физичко казнување.

Jumbo 2