Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Фоторепортажа од средновековната црква „Рождество на Пресвета Богородица“ сместена во пазувите на планината Баба

/

Култура

Сподели преку :

Цркавата Рождество на Пресвета Богородица, кај народот позната како Мала Богородица или кај локалното население нарекувана Богоројца е средновековна манастирска црква која се простира во пазувите на планината Баба високо над куќите на жителите на од селото Сливница.

Опкружена е со високи родови и густа дабова шума, а меѓу конаците и црквата се простира зелена ливада.

Црквата претставува главна манастирска црква на Сливничкиот манастир.

Податоците говорат дека е изградена и зографисана во 1607 година.

Во црквата е целосно сочувано ѕидното сликарство, поради што претставува еден од најзначајните претставници на сликарството од поствизантискиот период во Македонија.

Во црквата е сочуван во изворна состојба иконостасот со престолните икони, царски двери во резба и Големиот крст во резба.

Б.С.

Jumbo 2