Руралните заедници во југозападна Јапонија се борат да го вратат својот живот во нормала, два дена по силен земјотрес што предизвика експлозија во трговски центар, урна фабрички оџак и срамни со земја куќи, при што загинаа најмалку 23 луѓе.

Времето истекуваше за да се пронајдат преживеани, додека спасувачите продолжуваа да работат во областа Кумамото на јужниот главен остров Кјушу во Јапонија, каде што удри земјотрес со јачина од 7,1 степени по Рихтер.

Бројот на исчезнати е нејасен. Земјотресот остави најмалку 63 повредени лица, од кои петмина сериозно, соопшти владата на префектурата Кумамото.

Преживеаните се обидуваат да си ги вратат домовите, додека трае очајното извлекување на членови на нивните семејства од под урнатините. Некои се здобиле со повреди и биле итно префрлени во болница.


Б.С.












