Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

(Видео) Голем пожар се шири на грчкиот остров Парос — наредена е евакуација

/

Свет

Сподели преку :

Шумски пожар на грчкиот остров Парос повторно се разгоре во текот на ноќта и се прошири низ јужниот и југоисточниот дел на островот. Пожарникарите веќе втор ден се борат со повеќе огнени фронтови, а властите наредија евакуација на жители и туристи од десет области, објави „Јуроњуз“.


Силните ветрови им го отежнуваат пристапот на копнените екипи, а пожарот се шири и на други растојанија, поради што постојано избувнуваат нови пожари.


Во текот на ноќта огнот се движел низ пошироката област Ангерија кон Трипити, додека втор фронт напредувал кон плажата Фарагас.

Изгореле ридот Апианес и големи површини покрај патот кон манастирот „Свети Теодори“, а голем дел од јужен Парос останал без електрична енергија.