Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Инвеститори заминуваат – ќе се најде ли некој да ги пополни испразнетите погони

/

Економија

Сподели преку :

По најавата на германски БМЗ дека заминува од земјава се отвара шанса погонот во зоната во Скопје да не остане празен. Потенцијален инвеститор денеска пристигнува тука за да преговара за негово преземање, додека БМЗ ги прави последните подготовки за преселба во Полска, каде ќе продолжи со производството.

Дали ќе се успее да се најде нов сопственик на објектот или уште еден производствен капацитет ќе ги затвори портите, ќе покаже исходот од разговорите. Од ТИРЗ кусо одговорија дека станува збор за компанија од Европа, без да соопштат повеќе детали.

– Согласно позитивните законски прописи во државата и договорот за закуп постојат утврдени одредби кои го регулираат делот со објектот. Во однос на објектот каде што е моментално БМЗ, постои сериозен интерес од странска компанија која доаѓа од земја членка на Европска унија со која сме во комуникација, пишува во одговор до Телма од  ТИРЗ

Од БМЗ пак компанијата која произведува батериски системи  соопштија дека до крајот на годинава ќе заминат.  Одлуката за која веќе се известени околу 100 работници кои се дел од компанијата е донесена по направена сеопфатна анализа.

За краток период ова е трета странска компанија која заминува од тука. Претходно и од АПТИВ соопштија дека и тие до крајот на годинава го гасат производството.  Во одговор за Телма од ТИРЗ велат дека таму активно се уште работат 300 работници, а уверуваат и дека кога ќе заминат и за нивниот погон има интерес за купување, без да соопштат повеќе детали. Американска Дура пак веќе затвори.

За планот за заминување на БМЗ, но и на другите инвеститори, со критики до владата излегоа од опозициската СДСМ и од ДУИ. Обвинуваат дека  инвеститорите заминуваат од земја за која владата тврди дека е економски прва во Европа, дек и по две гони на власт нема нови инвстиции,  а се бара и точна бројка на затворени работни позиции,  по заминувањето, но и  дали има и други кои ќе се повлечат.

Пред извесно време и неколку инвеститори кои долго време работат во земјава се пожалија дека државата доцни со исплатата на државната помош која им следува, а побараа и поголема грижа од страна на надлежните.

Од ТИРЗ пак за Телма тврдат  – три мултинационални компании веќе донеле одлука за нови инвестиции во зоните. Се очекува да вложат околу 200 милион евра и да отворат нови 1.500 работни места. Неколку пати најавија и дека се работ на нова стратегија за привлекување инвестиции од странство, но нема информации до каде е таа.  Па, по ваквите најави останува да се види дали ќе се успее да се пополнат местата кои ќе останат празни во индустриската зона во Скопје.

Ирена Чачкова