Uncategorized Вести Македонија

Нови 106 случаи на труење во Гостивар за 24 часа – вклучен аларм за жолтица

Стомачните тегоби постепено стивнуваат, а здравствените власти сега го насочуваат вниманието кон можната појава на жолтица и други заразни заболувања. Иако епидемијата во Гостивар се намалува, надлежните предупредуваат дека состојбата се уште треба внимателно да се следи.

Министерот за здравство, Сашо Клековски, ги повика матичните лекари и здравствените установи да бидат внимателни и навремено да ги препознаваат евентуалните нови случаи на хепатит А и Е, но и други инфекции кои можат да се појават по вакви епидемии.

Најави и засилен надзор, со конкретни упатства до Центарот за јавно здравје, здравствените установи и матичните лекари. Според него, клучно е раното препознавање на случаите за да може навремено да се реагира.

Меѓувреме, Министерството ќе направи анализа на целиот тек на епидемијата. Ќе се проверува начинот на пријавување на заразените, ќе се споредат податоците од системот „Мој термин“ и ќе се утврдува дали институциите реагирале навреме или имало простор за порана реакција.

– Стандардот за јули во Гостивар е 25 пријави во извештајот на заразни болести. Во петокот, на 17-ти мислам дека биле 19 поднесени. Во тој момент спрема стандардите на законот не постоеле услови да се прогласи епидемија. Еве ќе ги земеме предвид и сите слични дијагнози од ‘Мој термин’ и ако се покаже дека имало основа да се реагира, сите, вклучително и јас ќе понесеме одговорност, бидејќи поентата е да научиме нешто од тоа што се случувам, не е поентата само да кажеме кој е виновен, треба нешто да направиме тоа веќе да не се повторува“

Опозициската СДСМ и денес побара итни анализи низ целата држава и повика на одговорност за сите што евентуално го загрозиле здравјето на граѓаните, порача Министерот за здравство, Сашо Клековски.

– Признанијата на Клековски не им вредат на граѓаните, време е кривично да одговара! Јасно е дека човек како Клековски, без знаење и без стручност, не може да се носи со ваква ситуација. Прво ја доведоа до оваа точка. Потоа ги криеја податоците и ја префрлаа одговорноста заради политички поени. Сега ќе доведат до сериозни последици за здравјето на жителите на Гостивар, вели Кристијан Дојчиновски – СДСМ.

Водата во Гостивар останува под забрана за пиење. Кога ќе стигнат три последователни негативни тестови, граѓаните повторно ќе можат безбедно да ја користат. Во меѓувреме водата може да се користи само за хигиенски и други потреби кои не вклучуваат нејзнино внесување во организмот.

Изминатите четири дена дневно биле направени од 80 до 125 први прегледи, a последните податоци покажуваат 106 нови случаи на заболени поврзани со епидемијата во Гостивар.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

МВР со апел: Внимавајте, лажни пораки од „Безбеден град“ крадат информации

Kristina Kuzmanovski

Македонски тинејџер уапсен во Црна Гора за обид за убиство – дали е дел од младите скопјани регрутирани од криминалните нарко банди во соседството

Sonja Petrusevska

Тинејџер се шетал со пиштол „Валтер“ во Скопје, полицијата го фати

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе