Вести Македонија Топ вести

По една недела укината забраната за пиење на водата во Крушево

По една недела, крушевчани повторно можат да ја користат водата од градскиот водовод за пиење и домашна употреба. По три последователни исправни лабораториски анализи, Центарот за јавно здравје – Прилеп потврди дека водата е бактериолошки и хемиски исправна

-Излегоа конечните резултати кои покажуваат дека водата е здравствено исправна и безбедна за пиење. Значи, безбедна е и содржи резидуален хлор во потребните граници и водата е бактериолошки и хемиски исправна. И резултатите од првите два последователни дена и од овој, третиот последователен ден, земени на 22, 23 и на 24 јули, се доставени до Агенцијата за храна и ветеринарство во Прилеп и во Крушево и до Јавното комунално претпријатие во Крушево, изјави Петар Оханесијан, специјалист, раководител на одделот за хигиена, ЦЈЗ-Прилеп.

Врз основа на резултатите, Агенцијата за храна и ветеринарство денеска изврши контролен инспекциски надзор и ја укина забраната за употреба на водата од водоводот во Крушево.

Забраната  беше воведена на 23 јули, откако при редовна контрола беа откриени фекални бактерии во водата. Епидемилошката слика е стабилна и засега нема информации за зголемен број на пациенти кои се жалат на цревни заболувања.

Од Центарот за јавно здравје предупредуваат дека анализите од сите крајпатните чешми кон Крушево покажуваат бакетриолошка неисправност  и понатаму не се препорачуваат за пиење.

Eмилија Mиирлиевски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се обидел да раздели тепачка, насилниците го избоделе со нож

Kristina Kuzmanovski

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе