Uncategorized Вести Свет Топ вести

Притвор за 19-годишниот Танасковски за обид за убиство на Марко Љубиша Кан во Црна Гора

Во акција на црногорската полиција вчера во Никшиќ е уапсен 19-годишен државјанин на Македонија, член на организирана криминална група од Македонија, врз основа на меѓународна потерница од Интерпол.

Тој бил член на Шкаљарскиот клан, a се сомничи дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, член на сопернички клан.

Вишото државно обвинителство во Подгорица му одреди притвор на Андреј Танасковски поради основано сомнение дека сторил кривично дело убиство во обид против Марко Љубиша Кан, кривично дело недозволено држење и носење оружје и кривично дело фалсификување исправа, објави црногорскиот портал Вјести.

  • „Обвинетиот се товари дека на 07.08.2025 година во Будва се обидел да и го одземе животот на оштетената М.Љ.К., пришувајќи ѝ одзади на оштетената и со огнено оружје – пиштол, кој го држел и неовластено го носел на јавно место, испукал повеќе истрели во правец на оштетената и му нанел тешки повреди и му нанел тешки повреди, а обвинетиот е и по живот загрозен. кривично дело фалсификување исправа“. соопштија од Вишото државно обвинителство.

Танасковски бил приведен во тесен стан во населба Видрован, а освен него, полицијата со лисици на рацете му ставила и на Нено Марковиќ од Никшиќ, за кого веруваат дека му помогнал да се сокрие.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Земјотрес со магнитуда од 7,1 степен го потресе Кумамото во Јапонија – издадено е и предупредување за цунами

Дејан Дејан

Предупредување: Небезбедна водата во Ореовец и Леништа

Kristina Kuzmanovski

Италија повторно ја отвора вратата за нуклеарната енергија

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе