Вести Економија Топ вести

Усвоен Ребалансот на Буџетот со проектиран дефицит од 4,1% од БДП

Собранието денеска го усвои Дополнетиот ребаланс на Буџетот за 2026 година со кој се обезбедуваат  повеќе средства за развој и капитални инвестиции, поддршка на земјоделството, социјалната заштита, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски.

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по предлогот истакна дека тој претставува  навремено и одговорно усогласување на буџетските проекции со новите економски околности, како и за обезбедување средства за исполнување на законските обврски кои во меѓувреме се случуваа и реализација на развојните приоритети согласно степенот на нивната реализација.

Со Дополнетиот ребаланс вкупните приходи се ревидираат на 379,5 милијарди денари, што претставува зголемување од 1,2 проценти во однос на иницијалниот Буџет. Вкупните расходи се ревидираат на 425,8 милијарди денари или повеќе за 2,8% од првичните проекции. Буџетскиот дефицит е проектираниот на 46,3 милијарди денари или 4,1% од БДП.

  • „Со овие измени обезбедуваме средства за исплата на зголемените плати во секторите каде што е предвиден раст, дополнителна поддршка за земјоделството, повеќе средства за социјална заштита и за општините. Она што особено го издвојува овој ребаланс е обезбедувањето дополнителни средства за забрзување на инвестицискиот циклус и реализацијата на инфраструктурните проекти“, рече министерката.

Таа додаде дека измените се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии и потенцира дека денес со изгласувањето на Ребалансот продолжува инвестицискиот циклус,  изградбата на инфраструктурата, поддршката за локалниот развој и се  обезбедува сигурност и предвидливост за граѓаните и стопанството.

Опозицијата, пак, критикува дека потребата за ребаланс по само шест месеци е доказ за погрешни економски политики и слаб институционален капацитет за реализација на планираното.

Со ребалансот се обезбедуваат 5,8 милијарди денари повеќе средства за капитални инвестици и се проектирани на ниво од 46 милијарди денари што е 14,3% повеќе во споредба со иницијалниот буџет, а заради забрзаната динамика на реализација на капиталните проекти. Имено, во првата половина од годината реализацијата на капитални расходи достигна 19,4 милијарди денари, што претставува раст од 53,5 проценти во однос на истиот период минатата година. Зголемувањето на ставката за капитални расходи и инвестиции во инфраструктурата е причината за корекцијата на дефицитот од 0,6 процентни поени во однос на иницијалната проекција на буџетскиот дефицит.

Растот на БДП за 2026 година со Ребалансот е проектиран на 3,5%.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Четворица осомничени за трговија со дрога во Скопје

Kristina Kuzmanovski

Напнатоста на Блискиот Исток продолжува и покрај паузата во нападите

Kristina Kuzmanovski

Цената на нафтата нагло опадна по паузата во нападите меѓу САД и Иран

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе