Вести Култура

Македонските музеи без договори со други институции за депонирање, чување и заштита на артефакти во услови на кризи

Музеите во Македонија немаат договори со други институции за стационирање на музејските предмети во услови на кризи. Ова го кажаа од Македонскиот национален комитет на „Синиот Штит“, невладина организација што работи на заштита на артефакти во услови на војни и природни непогоди, на денешната обука на тема „Подготвеност и правилно постапување со културното наследство во услови на кризни ситуации“.

„Затоа е потребно во мирно време да се склучат тие меѓуинституционални договори. Но, она што е најважно во тие меѓуинституционални договори е институцијата што прима да има стационар. Односно, да е доволно голема за да може да обезбеди простор за депонирање и стационирање на предмети од друг музеј“, вели Оливера Џартовска, претседателка на МНК на „Син Штит“.

Ни идните музејски работници додека студираат не учат како да се заштити наследството во услови на кризи. А, доколку протоколот е научен по стивнувањето на непогодата музејските работници ќе знаат како да постапат, дополнува Џартовска.

На настанот беа претставени, преку показна вежба, постапките за дислокација на артефактите во услови на криза или катастрофа. А, тие постапки се: документирање, тријажа или селекција, пакување, прва помош и стабилизирање на музејските предмети по катастрофата.

Во евакуацијата на предметите е вклучена и ДЗС.

„Дирекцијата чека повик од институцијата. Дали е музејот или некоја друга институција или пак општината. По барање од нивна страна ДЗС ги ангажира своите сили што ги има на располагање, републичките сили и делува во таа институција“, рече Рамадан Асани, раководител на Центар за обуки при ДЗС.

Доколку се работи за музејски предмет од дрво, што е оштетен со натопување во вода, треба да се спакува во платно за да дише, па во кутија за транспорт и да се пренесе во центарот за конзервација. Таму стручни лица одлучуваат за неговиот натамошен третман, кажа Лилјана Ковачовска, раководителка на Централната конзерваторска лабораторија при Музејот на Македонија.

Обуката ја организира Музејот на Град Скопје по повод 63 години од скопскиот земјотрес, во соработка со „Синиот Штит“ и ДЗС.

Сотир Трајков

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварски „Комуналец“ ја префрла вината на ЈПДП за нереализираниот проект за водоводот – проблем биле 16.000 денари

Sasko Dimovski

Кривични за семејно насилство – еден син ја влечел мајка му со кола, а друг со тупаници барал пари од својата мајка – обвинителството бара мерки за претпазливост

Дејан Дејан

Стомачните тегоби не стивнуваат, но епидемилошката состојба полека се смирува, велат епидемиолозите

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе