Вести Свет Топ вести

Украина ги нападна Белгород и Ростов има повредени и мртви

 Белгород и Ростов синоќа беа нападнати од украински дронови  при што загинаа две лица, а најмалку 17 се повредени, соопштија локалните власти.

Оперативниот штаб на Белгородската област објави дека во нападот врз градот Белгород се повредени 12 лица. Запалена е една станбена зграда и 15 паркирани автомобили, делумно е уништена една куќа, а оштетени се и повеќе станбени објекти.

Градот Белгород е оддалечен околу 27 километри од украинската граница. Подоцна во текот на ноќта експлозии одекнале и во Ростов на Дон, на југот на Русија. Градоначалникот Александар Скриабин потврди дека градот бил цел на украински напад, при што е оштетена станбена зграда.

Гувернерот на Ростовската област, Јуриј Сљусар, соопшти дека во нападот загинал брачен пар, додека уште пет лица се повредени.

Две од нив се во тешка состојба, меѓу кои и еден тинејџер. Според локалните власти, во нападот избувнале пожари во складишта и неколку куќи, а искршени се прозорци на повеќе станбени згради и на објект со социјална намена.

Експлозии се пријавени и во крајбрежниот град Таганрог на брегот на Азовското Море. Нападите не можат независно да бидат потврдени, а украинските власти засега не се огласија за случувањата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пожар се приближуваат кон Бордо, Макрон свика итен состанок- над 300.000 луѓе се евакуирани во Франција и Шпанија

Kristina Kuzmanovski

Паднаа цените на нафтата по најавите за прекин на нападите меѓу Иран и САД

Kristina Kuzmanovski

Еден осомничен е уапсен, а друг се бара по пукотницата на фестивалот за храна во Сиетл, во која загинаа 3 лица

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе