Останато Спорт

Погачар ја освои петтата титула и се израмни со легендите на „Тур де Франс“

Тадеј Погачар е победник на Тур де Франс по петти пат во кариерата. Словенецот ја заврши трката со шест минути и 26 секунди предност пред Ремко Евенепул и се израмни со рекордерите Жак Анкетил, Еди Меркс, Бернар Ино и Мигел Индураин.

Погачар уште еднаш доминираше на најпрестижната велосипедска трка во светот. Победи на пет етапи, ја презеде контролата врз генералниот пласман уште во првата половина од трката и потоа сигурно ја сочува жолтата маичка до финишот на Елисејските полиња во Париз.

Словенецот влезе во историјата како само петти велосипедист со пет титули на Тур де Франс. До рекордниот успех стигна на 27-годишна возраст, а ова беше негова трета последователна победа по титулите во 2024 и 2025 година.

Евенепул заврши втор во генералниот пласман, додека третото место го освои тимскиот колега на Погачар, Исак дел Торо.

Последната етапа на Елисејските Полиња ја освои Матје ван дер Пул, кој во фотофиниш беше побрз од Јаспер Филипсен и Мадс Педерсен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ф1: Норис победи во Унгарија за прв сезонски триумф

Sportska Redakcija

Македонските јуниори убедливо поразени од Унгарија на ЕП Б-дивизија

Sportska Redakcija

Формула 1 се враќа во Малезија по девет години

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе