Свет

Фон дер Лајен: Приливот на илегални имигранти во ЕУ преку Белорусија е политички мотивиран

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и вети поддршка на Литванија, земјата која се соочува со зголемен приток на илегални имигранти, претежно Ирачани, преку заедничката граница со Белорусија долга  679 километри.

Владата на Литванија прогласи вонредна состојба откако 150 лица илегално ја преминаа границата за 24 часа, повеќе отколку што во земјата влегуваат секоја година во последните три години.

Половината од 822-цата мигранти кои пристигнале во Литванија во текот на годината се од Ирак, но има и од Иран, Сирија, Гвинеја, Турција и Шри Ланка.

Фон дер Лајен во Вилнус истакна дека всушноста станува збор за политички мотивиран терк и вети дека Европската комисија и ЕУ ќе и помогнат на земјата. Литванските власти сметаат дека Белорусија стои зад зголемувањето на илегалната имиграција, по заканите од белорускиот претседател Александар Лукашенко дека повеќе нема да ги спречува мигрантите да ја преминуваат западната граница.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Неуспешна прва рунда од преговорите за мир во Украина

Дејан Дејан

Притисок врз Путин за мир во Украина – пораки од Самитот во Тирана

Дејан Дејан

Трилатерални состаноци наместо преговори во Истанбул – Русија и Украина за првпат на маса по пауза од три години

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе