Вести Економија Топ вести

Со парите што ги зеде од М-нав, Лотарија и МЕПСО државата го враќа кинескиот кредит

Во очекување на ребалансот Владата позајмува за да се раздолжи. Имено, на 14 јули на седница Владата одлучила да земе заем без камата во висина од 7 милиони евра од Македонска Навигација, а парите да се вратат најдоцна до крајот на ноември.

Премиерот вели дека се позајмило и од Лотарија на Македонија и МЕПСО, а Владата ги користи за отплата на доспеани долгови од банкарски кредити.

  • „Средствата ќе бидат искористени за враќање на кредит кон кинеската банка за автопатите и истите тие средства во месец август ќе бидат вратени на компаниите. Значи, се прави само вообичаена процедура која што многу пати во минатото се правела, така што во август месец тие средства ќе бидат вратени и кај М-нав и кај Лотарија на Македонија и кај МЕПСО“, рече премиерот Христијан Мицкоски.

Токму задолжувањето е една од клучните теми за дискусија во Собранието, каде што утре продолжува второто читање на предлог ребалансот на буџетот.

Со него се предвидува јавниот долг до крајот на годината да достигне 61,5% од БДП, иако не се препорачува тој да ја надминува границата од 60%. Дополнително, буџетскиот дефицит се зголемува од 3,5% на дури 4,1% од БДП, за што критики упатуваат не само економистите од земјава, туку и агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“.

Оттаму посочија дека зголемувањето на буџетскиот дефицит претставува ризик за стабилизацијата на јавниот долг на среден рок, а евентуално неуспешно спроведување на фискална консолидација претставува ризик и за кредитниот рејтинг на Македонија, што би довело до поскапо задолжување во иднина.

Мирјана Јовеска

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Телма од Гостивар: Денеска нема цистерни со вода недела е, резервите шишиња вода се драгоценост, а капењето вистински предизвик

Дејан Дејан

За повеќе од 7% ќе поскапи парното греење?

Дејан Дејан

Телма открива: како пропадна проектот за реновирање на водоводот во Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе