Останато Спорт

Карапаз ја освои 20-тата етапа, Погачар пред петта титула на „Тур де Франс“

Ричард Карапаз е победник на 20-тата и претпоследна етапа на „Тур де Франс“, додека Тадеј Погачар е на чекор до освојување на петтата титула на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Еквадорецот беше најдобар на исклучително тешката делница долга 170,9 километри од Ле Бур д’Оазан до Алп д’Ез.

Карапаз ја забележа втората етапна победа во последните три дена и воедно го обезбеди признанието за најдобар планински велосипедист.

Ремко Евенепул заврши втор со 26 секунди заостанување, додека Сеп Кус го освои третото место.

Лидерот во генералниот пласман Тадеј Погачар заврши четврти, но наместо да се обиде да дојде до втора последователна победа, во најголем дел од етапата му помагаше на својот тимски колега Исак дел Торо. Мексиканецот финишираше веднаш зад него и го зацврсти третото место во генералниот пласман.

Погачар ја задржа жолтата маичка и пред последната етапа има шест минути и 26 секунди предност пред Евенепул. Словенецот е на чекор до петтата титула на „Тур де Франс“.

Најпрестижната велосипедска трка завршува утре на Елисејските Полиња во Париз.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

 Норис за 12 илјадитинки го победи Хамилтон во квалификациите во Унгарија

Sportska Redakcija

Вардар со комбиниран состав сигурно против Брегалница

Sportska Redakcija

Синер и Ѓоковиќ се повлекоа од мастерсот во Канада

Sportska Redakcija

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе