Вести Свет Спорт Фудбал

ФИФА со дисциплинска постапка против Аргентина за инцидентите во финалето

Светската куќа на фудбалот ФИФА ќе отвори дисциплинска постапка поради инцидентите во кои беа вклучени неколку членови на аргентинската репрезентација по финалето на Светското првенство против Шпанија.

Светската фудбалска организација ќе ги анализира судиските извештаи и видео снимките од натпреварот пред да одлучи дали да изрече санкции.

Меѓу настаните што ќе бидат испитани е и исклучувањето на Леандро Паредес поради агресивно однесување по последниот свиреж. Тој ги нападна Шпанците Ерик Гарсија и Гави со тупаници за време на прославата на титулата.

Се истражуваат и постапките на Науел Молина, кој го удри Родри за време на прославите, како и наводната вмешаност на помошникот селектор на Аргентина, Роберто Ајала, во судирите кога го турнал Дани Олмо.

Покрај физичките пресметки, ФИФА ќе го оцени и однесувањето на аргентинската делегација за време на церемонијата на доделување на наградите. Неколку играчи им свртеа грб додека Шпанија го крена трофејот на Светското првенство, гест што предизвика сериозни контроверзии.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Левица: Додека од чешмите во Гостивар течел отров, институциите спиеле

Kristina Kuzmanovski

Возел со 4,35 промили алкохол во крвта, полицијата го фати во Кочани

Kristina Kuzmanovski

Нови 50 проценти царини воведе САД за канадските производи

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе