Францускиот претседател Емануел Макрон соопшти дека сојузниците во рамки на „Коалицијата на подготвените“ ја започнале новата антибалистичка иницијатива „Фреја“, чија цел е да ги зајакне воздушната одбрана на Украина и европските капацитети за пресретнување балистички ракети.
Според Макрон, проектот ќе овозможи заедничка понуда од европските влади и одбранбената индустрија, со што ќе се забрза испораката на неопходните системи за Украина.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека балистичките ракети станале главното средство со кое Русија се обидува да ја продолжи војната.
Тој нагласи дека Украина секојдневно има потреба од нови ракети за своите системи за противракетна одбрана и дека постојните резерви не се доволни за пресретнување на сите напади.
Зеленски додаде дека Украина и европските партнери во наредните 12 месеци би можеле заеднички да развијат евтин и масовно произведуван антибалистички систем, кој би ги покрил сегашните недостатоци и би ја зајакнал безбедноста на Европа.
