Десетици луѓе починаа во Канада во силниот жежок бран, кој ја зафати земјата со рекордно високите температури. Од петокот се пријавени најмалку 130 ненадејно починати од кои повеќето биле стари лица или луѓе со хронични здравствени проблеми. Според полицијата, смртта е поврзана со неверојатно високите температури.
во гратчето Литон во Британска Колумбија. Пред оваа недела, во Канада никогаш не биле измерени повеќе од 45 степени.
Жешкиот бран е последица на купола со висок притисок што лебди над северозападниот дел на САД и Канада.
Многу домови во Британска Колумбија немаат клима-уреди, зашто летните температури вообичаено се умерени. Отворени се привремени центри за разладување.
Во САД, најпогодениот регион е Пацифички Северозапад, при што во Портланд се измерени 46,1 степен, а во Сиетл 42,2, најмногу откако се води статистика од 1940-ите. Десетици смртни случаи во Вашингтон и Орегон се поврзуваат со жештините.