Свет

Бајден: САД нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје

САД нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје, изјави американскиот претседател Џо Бајден пред разговорите со израелскиот претседател Ревен Ривлин во Белата куќа, пренесе Тасс.

Иран никогаш нема да добие нуклеарно оружје под мое претседателство, кажа Бајден, додавајќи дека со Ривлин ќе разговара за ситуацијата околу Иран.

Тој додаде дека ги наредил воздушните напади врз цели на групите поддржани од Иран во Ирак и Сирија, за кои Вашингтон соопшти дека ги нападнале американските трупи.

Претседателот објасни дека се водел од чл. 2 од Уставот на САД, што на Врховниот командант му овозможува да прибегне кон воена акција во случај на самоодбрана.

И јас ја имам таа моќ според член 2 од Уставот, па дури и оние во Конгресот кои не сакаат да го признаат тоа, признаа дека е така, рече Бајден.

Американскиот лидер, исто така, истакна дека неговите обврски кон Израел се „непроменети“ и дека тој е „цврсто посветен на самоодбраната“ на еврејската држава. Шефот на Белата куќа изрази поддршка за нормализирање на односите на Израел со земјите во Африка и на Блискиот исток.

Тој кажа дека „наскоро“ во Вашингтон ќе го прими новиот израелски премиер Нафтали Бенет.

Израелскиот претседател истакна дека Израел нема подобар сојузник од САД и дека демократските вредности ги врзуваат двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Албанезе за американските санкции: Моја должност е да го обелоденам фактот дека геноцидот во Газа не запира

Дејан Дејан

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Се очекуваат и до 10 милијарди евра – Европа најави Фонд за обнова на Украина, Зеленски бара „Маршалов план“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе