Ковид19 Свет Топ вести

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, позитивен на Ковид-19 по учеството на самитот на ЕУ

Премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел, е позитивен на тестот за Ковид-19 откако минатата недела присуствуваше на самитот на ЕУ во Брисел.

„Засега тој има благи симптоми, треска и главоболка и од дома ќе ги извршува своите должности. Тој има намера да остане во карантин 10 дена“, објави весникот „Луксембургер Ворт“.

Според луксембуршката Влада, Бетел на 6 мај примил само една доза од вакцината „АстраЗенека“, а втората доза требало да прими неделава.

За време на самитот, Бетел се дружел со голем број европски лидери, вклучувајќи ја и германската канцеларка Ангела Меркел.

Фотографиите од самитот покажуваат дека Бетел, меѓу другото, бил во близок контакт со австрискиот канцелар Себастијан Курц и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, но сите тие носеа маски на ваквите средби.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во напад во Газа убиени осум деца и две жени кои во ред чекале за храна – Израел се правда дека таргетирале припадник на Хамас

Дејан Дејан

Невработени му пишувале на Стојанче Ангелов на Фејсбук за да помагаат околу пожарите за 20.000 денари

Дејан Дејан

По укажувањата на УНЕСКО Мицкоски најави дека Министерството за транспорт ќе ангажира фирма која ќе ги урива дивоградбите во Охрид

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе