Свет

Продолжува потрагата по преживеани во урнатата зграда во Мајами

Гувернерот на Флорида, Рон Де Сантис, изјави дека луѓето имаат право да знаат како дошло до урнувањето на 12-катната зграда во градот Мајами, додека потрагата по преживеани продолжува со ненамален интензитет. Бројот на луѓето кои засега се водат како исчезнати останува 159, потврдија надлежните, додека 4 луѓе ги загубија животите во урнувањето на зградата. Прашањата како воопшто можело да дојде до урнувањето на зградата се зголемува.

Гувернерот Де Сантис повика на брзо откривање на причините за трагедијата, додавајќи дека неопходно е да се дозна дали станува збор за поголем проблем, или нешто уникатно за зградата која се урна.  Станбениот блок бил изграден 1981-та година а овој период се спроведувал и процес на проверка на стабилноста на секоја 40 години стара зграда, во согласност со градските правила.

Спасувачите работат во смени со ограничен број луѓе присутни покрај урнатините заради стравувањата од дополнителен колапс, но не ја губат надежта дека ќе најдат преживеани луѓе.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Рама го пречека раперот Кање Вест во Албанија пред почеток на концертот вреден над 4 милиони евра

Tea Dimkovska

„Летавме и одеднаш прозор се скрши со што половина од неговото тело заврши надвор од авионот“ – раскажува сопругата чиј маж се повреди во летот на „Рајанер“ од Солун

Tea Dimkovska

Техеран без коментар за наводниот план за атентат кон Трамп – денес двете страни во нова рунда преговори во Оман

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе