Голема спасувачка операција е во тек во американскиот град Мајами, на Флорида, откако делумно се урна 12 катна станбена зграда, убивајќи најмалку едно лице.
Спасувачите ги пребаруваат урнатините, трагајќи по преживеани а било спасено најмалку едно младо момче.
На снимките се гледаат остатоците од урнатиот дел од станбената зграда, кој наликува како да бил погоден со експлозивна направа.
Едно жена го загубила животот во урнувањето на делот од зградата а се стравува дека повеќе луѓе се заробени под остатоците.
Според информациите на спасувачките служби, колапсот на дел од зградата се случил околу 2 часот по полноќ по локално време.
Пожарникарите испратиле 80 возила да ја засилат потрагата по преживеани станари додека локацијата ја обезбедиле и полициски сили.
Има 1/3-тина од целата зграда која не може да се види од улицата, но целосно ја нема веќе. Кон плажата. Наликува на нападите од 11-ти септември, како што реков. Како бомба да експлодирала и целосно е уништена. Има куп остатоци – Мајл Руиз, локален жител.
Зградата се стресе. Потоа погледнав низ прозорецот и ништо не се гледаше. Мислев дека тоа е како песочна бура да доаѓа. Потоа, тоа што се случи, откако се расчисти прашината, задниот дел од зградата или задните 2/3-тини од зградата ги нема. Срамнети се со земја – Дејвид Маркос, локален жител.