Премиерот Христијан Мицковски е поканет на 9 ти октомври да се јави во граѓанскиот суд. Треба да биде сослушан како законски застапник на владечката партија во случајот каде поранешната обвинителка Ленче Ристоска го тужи ВМРО ДПМНЕ. Ристоска поднесе тужба за навреда и клевета после партиско соопштение објавено во октомври лани во кое меѓу другото за неа се вели:
„Каков крај!
Отсуството на срам е одлика на вакви луѓе.
Ленче Ристоска, поранешната „ѕвезда“ на пропаднатото СЈО, последна има право да зборува за плати, правда и морал“, пишуваше во соопштението на ВМРО ДПМНЕ објавено на 14.10.2025
Ристоска бара оштета од 300 илјади денари, 150 за навредата и исто толку за клеветата. Адвокатката на партијата Ружица Николовска како одговор на тужбата нагласи дека со соопштението се алудирало кон институцијата СЈО, од кое беше дел и обвинителката Ристоска.
„Не се согласувам со наводите на тужителот дека станува збор за индивидуализација, иако неспорно е дека во еден дел од соопштението е наведено името Ленче, а не презимето. Со таквиот дел на соопштението се алудира на самата институција која тужителката ја претставува. Не е насочено лично кон нејзе со име и презиме“, рече Ружица Николовска – адвокат на ВМРО ДПМНЕ
Спротивно на ова адвокатот на Ристоска, Лазе Сандев рече дека соопштението е целосно насочено кон обвинитлеката лично.
„Формата е понижувачка. Иако товарот на докажување е на страна на тужителот сметам дека со ваквите изјави и дисиминација на факти, товарот на докажување треба да биде префрлен на тужениот. Постои сериозна повреда на честа и угледот на тужителката овој начин на напад преку изнесување на лични инфивидуални напади кон неа, не смее да добие третман на заштитен говор“ вели Лазар Сандев – адвокат на Ристоска
Инаку во време кога беше објавено соопштението Ристоска беше обвинителка која ги водеше предметите „Талир1“ и „Талир 2“, во кои е обвинета токму оваа партија, а имотот и е замрзнат. Таа побара и заштита од советот на јавни обвинители но членовите не прифатија дека премиерот вршел притисок врз нивната колешка.
Таа си поднесе оставка откако новиот државен обвинител Ненад Савески и ги одзема предметите против ВМРО ДПМНЕ. Премиерот на брифинг со новинарите неодамна се пожали дека партискиот имот сè уште замрзнат.
Тој предмет пак застарува во август, неколку месеци по тоа Мицкоски ќе треба да оди во граѓански суд и да се соочи со Ристеска. Поканата за него ќе ја добие на адреса на седиштето на партијата.
Билјана Николова
