Економија

Бектеши се надева дека Регулаторна комисија нема да ја зголеми цената на струјата

Министерот за економија, Крешник Бектеши се надева дека Регулаторна комисија нема да ја зголеми цената на електричната енергија, иако ЕСМ и МЕПСО побараа покачување.

Посочи дека на седница на Влада вчера е донесена одлука за намалување на ДДВ на струјата од 18 на 5  проценти, што оди во прилог на граѓаните, како и да им се намалат трошоци во постковид периодот.

–Секако дека наша цел како Влада е да имаме сигурно снабдување на сите домаќинства и тоа веќе го остваруваме и оваа одлука е да им се излезе во пресрет на сите наши граѓани, посебно на домаќинствата во нашата држава за да не се зголеми цената на струјата. Јас сум убеден дека имајќи ги во предвид сите параметри наредната одлука на Регулаторната комисија ќе биде да нема зголемување на цената на електричната енергија, рече Бектеши.

Министрите Бектеши и Османи денеска беа во посета на Штип, каде што се отвори почесниот конзулат на Унгарија, а исто така се реализираше и македонско- унгарски бизнис форум, на кој присуствуваа преставници од бизнис заедницата од двете земји.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Лица од енергетски монополи ќе можат да бидат членови на регулаторна комисија, ќе има ли простор за манипулации во одлуките?

Дејан Дејан

Исплатена трета транша од унгарскиот кредит

Дејан Дејан

Цената на струјата и парното ќе ја утврдуваат експерти од енергетски компании – измени во Законот за енергетика

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе