Меѓународна унија за гас одбележува 90 години постоење – основана е во 1931 година, во Вевеи, Швајцарија и е светска непрофитна организација. Унијата се залага за промоција на природниот гас како составен дел на глобалниот одржлив енергетски систем и да го промовира политичкиот, техничкиот и економскиот напредок на индустријата за природен гас.
Повеќе од 160 членки на IGU се здруженија и корпорации од индустријата за природен гас кои претставуваат над 95% од глобалниот пазар на гас во Светот. Организацијата на работа на IGU го опфаќа комплетниот синџир за снабдување со природен гас во целина, од негово истражување и производство, пренос преку цевководи, па се до негова дистрибуција до местата на користење.
Македонското здружение за гас, чиј што основач е најголемата македонска нафтена компанија Макпетрол АД Скопје, од 2008 година е една од членките на IGU. Во согласност со принципите на IGU, Макпетрол АД Скопје се залага за зелена, чиста и економична енергија, промовирајќи го природниот гас како одржлив енергетски систем кој придонесува за подобрување и за зачувување на животната средина.
Визијата на IGU е да биде највлијателна, ефективна и независна непрофитна организација, која со своите активности ја застапува и промовира индустријата за природен гас ширум светот.