Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс изјави дека САД и Иран се „многу блиску“ до постигнување договор за продолжување на примирјето, но дека сè уште постојат неколку спорни точки. Според него, преговорите продолжуваат околу деталите поврзани со иранската нуклеарна програма и збогатувањето на ураниум.
Според американски медиуми, предложениот договор би предвидувал продолжување на прекинот на огнот за дополнителни 60 дена, како и отворање разговори за иднината на иранската нуклеарна програма.
Во пакетот наводно се вклучени и олеснување на санкциите кон Иран, повторен извоз на иранска нафта и непречен поморски сообраќај низ Ормутскиот Теснец.
И покрај оптимистичните изјави од Вашингтон, иранските медиуми објавија дека договорот сè уште не е финализиран.
Меѓувреме, двете страни продолжуваат меѓусебно да се обвинуваат за прекршување на кревкото примирје, додека американскиот претседател Доналд Трамп предупреди дека воена опција и понатаму останува „на маса“ доколку разговорите пропаднат.
