Најважни Спорт

Против Украина, да се биде или не!

Денот Д на ЕУРО 202 за македонската фудбалска репрезентација и фановите. Во 15 часот нашите фудбалери повторно ќе истрчаат на теренот на „националната арена“ во Букурешт и ќе го играат клучниот меч на првенството и најважниот во нивните кариери.

Противник ни е чврствата селекција на Украина предводена од легендарниот Шевченко.

За двете репрезентации овој меч значи се бидејќи и двете селекции доживеаа порази во воведното коло. Пораз за некој од двата тима ќе значи крај за надежите да се помине групата.

Селекторот Ангеловски најави дека тимот е подготвен и мотивиран.

Еден од столбовите на одбраната, Стефан Ристовски, вели „ не сме дојдени како туристи“.
На Алиовски, Адеми, Пандев, Елмас Ристовски ќе им се спортистави подмладената Украина која ја сочинуваат фудбалери кои пред три години станаа младински светски прваци, надополнети со Јармоленко, Марлос, Зинченко.

Стратегијата на Украина ја крои поранешениот репрезентативец и дологодишен играч на тогаш моќниот Милан, Андриј Шевченко според кого Македонија го заслужува сиот респект и мора да бидеме внимателни.
Оптимизмот е присутен а граѓаните и фановите типуваат на победа.

Во Букурешт атмосферата се вжештува.

На првиот меч македонските фудбалери имаа поддршка од околу четири илјади фанови а денеска таа бројка ќе биде уште поголема.

Поддршката за Украина исто така нема да изостане а нивните навивачи најавуваат дека ќе присуствуваат во голем број и трибините ќе бидат обоени „сино – жолто“

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Високи се цените во маркeтите – велат граѓаните и очекуваат по горивата да поевтини и храната

Дејан Дејан

Мицкоски: Постои опција и за промена на ресори меѓу владините партнери

Дејан Дејан

Кир Стармер поднесе оставка од функцијата премиер и лидер на Лабуристичката партија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе