САД извршија напади врз ирански „брзи чамци“ во Ормускиот Теснец, откако Иран беше обвинет за напади врз бродови и нафтена инфраструктура во Обединетите Арапски Емирати.
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се погодени седум пловни објекти, додека иранските власти ги негираа овие тврдења и обвинија дека биле погодени цивилни бродови.
Меѓувреме, пожар избувна во нафтеното пристаниште Фуџајра, едно од клучните енергетски јазли во регионот, по наводен ирански напад.
Обединетите Арапски Емирати соопштија дека нивната противвоздушна одбрана пресретнала ракети и дронови, додека Јужна Кореја пријави експлозија на свој брод во близина.
Тензиите дополнително се зголемуваат и покрај претходниот прекин на огнот меѓу САД и Иран. Ситуацијата во Ормускиот Теснец, преку кој минува околу 20% од светската нафта, предизвика загриженост на глобално ниво.
Франција, Велика Британија и Германија ги осудија нападите и повикаа на деескалација, додека цената на нафтата забележа значителен раст.
