Вести Економија

Се проверуваат залихите мазут по државните институции во потрага по неквалитетен и штетен мазут

И мазутот кој е по залихи во државните институции, но и во приватните фирми ќе се проверува дали е штетен и не е во согласност со Правилникот на квалитетот.

Контролите веќе се почнати, потврдија од кабинетот на вицепремиерот Љупчо Николовски. Први на проверка ќе бидат 14 инсталации кои што имаат на залиха мазут, набавен од фирми за кои веќе е утврдено дека продавалае мазут со полош квалитет од пропишаниот.

При надзорите, се утврдува фактичката состојба во врска со добавувачите на мазут и стварните резерви. Дополнително, ќе се издадат Решенија со задолжување во рок од 15 дена да се испита квалитетот на мазутот на залиха од страна на акредитирана лабораторија. Во зависност од резултатите надлежните институции ќе се превземат соодветни мерки.

Според анализите на надлежните околу 40-тина инсталации користат мазут во државата. Меѓу нив најголем број се приватни компании кои исто така ќе мора да проверат што горат. На сајтот за јавни набавки стојат 15-тина државни институции кои користат мазут или за греење или за загревање на вода. Најбројни се болниците кои се уште не се префрлени на гас, но истотака големи количества мазут купуваат МВР и Министерството за одбрана, како и ЕЛЕМ за термоцентралите. Сите овие мазути кои останале на залиха и не биле потрошени ќе се проверуваат. Преку лето од државните органи, само неколку болници користат мазут за загревање на вода.

Од друга страна приватните компании мазутот најчесто го користат како енергенс во проиводствениот процес. Сите инсталации кои користат мазут или нафта за горење ќе бидат проверени, а еколошкиот инспекторат во наредните два дена ќе ги провери првите 14 институции кои купувале од псорните фирми.

При контролата беше утврдено дека во цистерните со увоз за потребите на Евро-тим Кичево и Супертрејд Скопје бил откриен мазут со вишок на вода или пепел поради што цистерните биле вратени.

Дополнително и во складовите на Евротим кај Ресен бил најден мазут кој отстапувал од пропишаниот квалитет поради што фирмата доби забрана за продажба на тој контингент. Сега државата тргнува од вториот крај на синџирот, од крајните корисници кои купувале и кај кои има останат мазут.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: Имаме стабилно мнозинство

Дејан Дејан

Законот за сајбер безбедност наскоро низ владина процедура, во јуни во Собрание

Дејан Дејан

Билатералните прашања да останат билетерални, а не кочница на евроинтегративниот пат – порака на шефицата на австриската дипломатија од Скопје

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе