Aмериканската војска добила наредба да „пука и уништува“ мали ирански чамци кои поставуваат мини со цел да го попречат сообраќајот низ Ормутскиот теснец.
Објавата дојде на социјалните мрежи кратко по информацијата дека САД заплениле уште еден танкер поврзан со шверц на иранска нафта.
Со тоа дополнително се заострува спорот меѓу САД и Иран околу контролата на теснецот, низ кој поминуваат околу 20% од светските количини на сурова нафта и природен гас… Од иранска страна, властите соопштија дека веќе се наплатени првите приходи од воведените такси и се уплатени во централната банка.
Во меѓувреме, нема најава за продолжување на дипломатските преговори, а застојот сериозно ја нарушува глобалната трговија со енергенси. Зголемените цени на нафтата и гасот го зголемуваат ризикот од продлабочување на светската економска криза, предупредуваат аналитичарите.
